НАУЧНИК ЈА ПРОНАЈДЕ ДОБИТНАТА КОМБИНАЦИЈА! ПРВА ДОЗА АСТРА ЗЕНЕКА, ВТОРА ДОЗА ФАЈЗЕР

Врз основа на резултатите од оваа и неколку други студии, Германскиот постојан комитет за вакцинација препорача луѓето кои ја примиле првата доза на вакцина АстраЗенека да се вакцинираат со втора доза со вакцината на Фајзер.
Хрватските научници, Иван Одак и Берислав Бошњак, кои учествуваа во големото германско истражување кое ја проучуваше ефективноста на комбинираната вакцинација со вакцините Астразенека и Фајзер, потврдуваат дека ова е нешто што ветува. Д-р Бошњак беше на чело на тимот заедно со потпретседателот на германското друштво за имунологија, проф. Рејнолд Форстер и проф. Џорџ Беренсон, а резултатите од нивната студија беа објавени во престижното списание Nature Medicine.
Научниците (како и фармацевтските компании кои произведуваат вакцини) немаа специфични податоци за тоа како може да функционира таквата комбинација на вакцини. Затоа, започнати се бројни студии за ефикасноста на ваквата мешана вакцинација. И резултатите се многу охрабрувачки.