Мега нуклеарка на стариот лисец Гошев! Зошто Филипче го крие ова? Во Македонија од Ковид починале двојно повеке одколку што се регистрирани

1,115

Починати според Институтот при Универзитетот Вашингтон (САД)

Институтот за здравствени мерења и проценки при Универзитетот во Вашингтон изградил методологија според која проценува колку луѓе починале како последица од вирусoт. Методологијата вклучува шест компоненти кои, според експертите од Институтот, влијаеле врз стапките на морталитет во одделните земји во светот. Тие се следниве:

а) порастот на вообичаената (пред пандемијата) стапка на морталитет, односно бројот на починати директно поврзани со корона-вирусот SARS-nCoV-2;

б) порастот на морталитетот поради задоцнетата или сосема одложена здравствена нега за време на пандемијата;

в) порастот на морталитетот поради зголемувањата на менталните нарушувања, вклучително депресијата, зголеменото консумирање алкохол и зголеменото користење на опоиди;

г) редуцирање на стапката на морталитетот поради намалувањето на повредите што резултира од општото намалување на подвижноста поврзана со задолжителните социјални дистанцирања;

д) редуцирање на стапката на морталитетот поради намалената трансмисија на други вируси, особено инфлуенца (грипот), респираторниот синцицијален вирус и сипаниците; и

е) редуцирање на стапката на морталитетот за бројот на починати од некои хронични болести, како кардиоваскуларната болест и хроничната респираторна болест, што се случува кога исцрпените индивидуи од основното заболување би имале фатален крај од овие болести, но починале порано од ковид-19.

Врз основа на резултатите од мерењата со вака конструиран индикатор, наведениот Институт, меѓу другото, ги рангирал 20-те земји во светот (медиумите во Македонија регистрираа дел од оваа информација во месец мај) кои имаат највисока стапка на починати како последица од пандемијата.

Редоследот на овие земји е следен:

Да издвоиме барем неколку сознанија од оваа табела.

Македонија, не само што се наоѓа во групата од 20 земји со највисока смртност (што е вистинскa трагедија и срам) туку таа е и во првите шест од нив.

Институтот вели дека, заклучно со месец април, македонските власти известиле за 237,1 починати од ковид-19, на секои 100.000 жители. Македонија, според Државниот завод за статистика, брои 2,1 милион жители. Ако се помножат 237,1 починати со 21 (во 2,1 милион жители има 21 пати по 100.000 жители), излегува дека бројот на починати од ковид -19 во Македонија заклучно со април изнесувал 4.979,1 жители.

Колумна за Плус Инфо