Леле леле, Гошев страотно го подбра Филипче во новата колумна: Распиштолениот лажго пијан од функцијата почна да верува во своите лаги……

162

И, така, лаги, лаги, лаги… и одеднаш „се истура“ реалноста. Морфеус во Матрикс би рекол: добредојдовте во пустината на реалноста. Распиштолените лажговци, пијани од значењето на функциите и мирисот на пленот, и самите почнуваат да веруваат во своите лаги. Секој ден нови навреди на здравиот разум, нови лаги и гротескни позирања. Ќе се згнат, на пример, до Струмица (зашто директорот на болницата ги изненадил со искрената изјава) и Заеви ќе ѝ подарат на болницата возило купено на старо со негов личен благослов „да се служат со него со децении“. Како да не знае дека болницата има такви уште од времето на Јосип Броз. Министерот, директорот и неколкуте вработени (по службена должност) ракоплескаат пред камерите. Истото и во Дојран, донација од приватник, а министерот го посветил денот да се слика до подареното возило.

Колумна на Петар Гошев за Плус Инфо