НОВО ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД БОЛНИЦАТА ВО ТЕТОВО, се слушаат неколку експлозии

119

На социјалните мрежи се појави нова снимка снимена во моментот на избивањето на пожарот во тетовската модуларна ковид болница, а на која се слушаат неколку експлозии, за кои се претпоставува дека се предизвикани од доводот на кислород за потребите на пациентите во болница.

Во видеото, снимено од очевидци, сведочи дека за многу кратко време, по серија на експлозии, објектот целосно пламнува.

Снимката ја споделуваме во продолжение, но предупредуваме дека станува збор за видео со ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА, па поради тоа внимавајте додека го гледате.