БРИСЕЛ ИМ СПУКА НА ЗАЕВ, РАМА И ВУЧИЌ ЗА МИНИ ШЕНГЕН: ОВА Е ПРОТИВ ИНТЕРЕСИТЕ НА ЕУ….

1,534

Бриселската администрација негативно ја оценува иницијативата Мини Шенген (Отворен Балкан) на лидерите на Македонија, Србија и Албанија и смета дека со тоа се поткопува евроинтеграцијата на регионот. Во Европската комисија сметаат дека Отворен Балкан на Рама, Вучиќ и Заев е во целост некомпатибилно со иницијативата за регионален развој заедно со Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, дознава МКД.мк од дипломатски извори во Брисел.

Проценката на ЕК е дека не треба да се поддржи оваа иницијатива затоа што се смета дека со ова се намалува стратешкото партнерство на ЕУ со Балканот и се отвора место на САД како единствен стратешки партнер со земјите од Балканот. ЕУ ќе преземе мерки за минимизирање на оваа иницијатива, велат нашите дипломатски извори.

И во извештаите на медиумите на земјите членки на ЕУ се истакнува оваа резерва на бриселската администрација. Италијанскиот дневен весник Стампа јави дека ова е нормална реакција на одложувањата на преговорите за членство на овие земји и барање алтернатива на магловитата европска перспектива.

Францускиот весник Либерасион го забележува отсуството на Косово, чиј „левичарски националистички премиер Албин Курти вели дека повеќе би сакал да се приклучи кон Берлинскиот процес“.