ЗАЕВ, ВУЧИЌ И РАМА ДОБИЛЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЕУ! НИШТО ОД ОТВОРЕН БАЛКАН

5,091

Проценката на ЕК е дека не треба да се поддржи оваа иницијатива затоа што се смета дека со ова се намалува стратешкото партнерство на ЕУ со Балканот и се отвора место на САД како единствен стратешки партнер со земјите од Балканот. ЕУ ќе преземе мерки за минимизирање на оваа иницијатива, велат нашите дипломатски извори.

И во извештаите на медиумите на земјите членки на ЕУ се истакнува оваа резерва на бриселската администрација. Италијанскиот дневен весник Стампа јави дека ова е нормална реакција на одложувањата на преговорите за членство на овие земји и барање алтернатива на магловитата европска перспектива.

Францускиот весник Либерасион го забележува отсуството на Косово, чиј „левичарски националистички премиер Албин Курти вели дека повеќе би сакал да се приклучи кон Берлинскиот процес“.

Бугарскиот весник Дума оценува дека во Брисел за Мини Шенген се зборува како за интеграциски сепаратизам со кој наместо европско сојузништво се создава некаков балкански сојуз.

„ЕУ почна да се распаѓа на бугарско-романска ЕУ и на германска Унија, а западно од Србија веќе функционира Вишеградската група… ЕУ изгледаше дека е вечна, ама излегува дека е само привремена, како и сите други облици на сојузи…“, оцени словенечки Дневник.

„Балканските лидери (Рама, Заев и Вучиќ) ја примија пораката дека ќе мора да чекаат на ЕУ, а САД ги поддржаа нивните напори… Политичката волја за проширување на ЕУ е многу слаба меѓу посилните членки на европскиот блок, особено сега кога германската канцеларка Ангела Меркел, заговорникот за приклучување на Балканот, заминува од власт“, анализира британскиот весник Фајненшл тајмс.