Иако Заев најави промена на учебниците, Бугарија нема да ги менува своите, сеуште ќе стои дека македонија е бугарска земја

103

Ќе ги брише ли своите учебници Бугарија, во кои стои дека Македонија е бугарска држава – како што денеска премиерот вети дека ќе го тргне зборот „бугарски“ од пред фразата „фашистички окупатор“, прашува поранешниот македонски амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев?

– Менувањето на „вордингот“ при опис на одредени настани и случувања само од македонска страна ја отсликува нерамноправноста на Република Македонија во однос на Република Бугарија во врска со Договорот за добрососедство. Прво, затоа што се избегнува да се опише, или се скрива историската вистина, а факт е дека Бугарија била сојузник со фашистичка Германија и фашистичка Италија, за време на Втората Светска војна. Со тоа младите поколенија ќе бидат погрешно воспитувани и ќе учат историја која не е одраз на она што вистина се случило. Второ, ова треба да значи и постапување од Република Бугарија. Дали и таа ќе постапи во менување на „вордингот“ и ќе избрише од своите учебници дека Македонија е бугарска земја, оти од таму почнува се? – нагласува Ѓорчев за Алфа.