БУГАРИТЕ СЛАВАТ ПОБЕДА: ЗА БРАТСКА МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕ ВЕЌЕ ФАШИСТИ ПИШУВААТ СИТЕ ВЕСНИЦИ

175

Бугарски медиуми објавуваат текстови со наслови дека извојувале победа и дека за Македонија повеќе не се окупатори.

„Победа! За Македонија веќе не сме „окупатори“, пишува бугарскиот медиум Лупа.бг. 

Ова следи откако премиерот Зоран Заев најави дека ќе се менуваат учебниците кои ги содржат термините „бугарски фашистички окупатор“, во знак на пријателскиот дух со Бугарија. Дел од бугарските медиуми пишуваат дека пораката се совпаднала со Денот на независноста кој вчера го одбележаа.

„Заев: Нема да ги нарекуваме бугарски фашисти, ќе одговорам на барањата на Радев“, пишува Бгнес.

„Заев: Некои Македонци биле помошници на фашистите“, пишува бугарски Труд.