ИАКО НАРОДОТ ГО САКА, СПАСОВСКИ СО ПОЛИЦИЈА И ИНСПЕКЦИИ ПРОБУВА ДА ГО СИМНЕ МАКСИМ ОД ТРОНОТ ВО КУМАНОВО?

5,764

Секторот за внатрешни работи Куманово веќе трет ден по ред врши притисок врз работата на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски со стопирање на градежни работи кои се одамна започнати и кои се влезени во годишната програма, брифираат од општината.

Од видеото, кое пристигна до нашата редакција, може да се слушне разговор на градоначалникот Димитриевски со инспекторка од Министерството за внатрешни работи (МВР), каде што тој ја прашува инспекторката зошто им кажала на работниците да престанат со работа.

Градоначалникот Димитриевски во видеото ѝ вели на инспекторката дека не е овластена да бара документација на работниците.

– Дали знаете чија надлежност е кога се извршуваат градежни работи, кој врши увид во градежни работи? Вие немате право од изведувач да  барате техничка и друга документација. Тоа е исклучиво под надлежност на градежна инспекција. Ова го правите вие од МВР континуирано, на секоја градежна активност. МВР нема право да ги спречува градежните активности на Општина Куманово, што се утврдени со годишен план за работа – ѝ вели Димитриевски на инспекторката.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.site . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?

You might also like