БРАНКО: ЗАЕВ НЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА СДСМ ВО МОМЕНТОВ

2,287

Пандорина кутија

Осврнувајќи се на договорите со Грција и со Бугарија, и ветото со кое се блокира патот кон ЕУ, поранешниот претседател вели дека „ни беше најавено и гарантирано дека Преспанскиот договор ќе биде клучот што ќе ги отвори двете врати, но не е така“. Тој не става знак на еднаквост меѓу двата договори.

„Преспанскиот договор, кој не го сметам за добар и идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно прашање. Договорот со Бугарија, пак, ја отвори Пандорината кутија и отвори цела серија на барања, за коишто компромис не е можен“, укажува тој.
Во тој контекст, Црвенковски ја проблематизира, како што рече, „мантрата“ дека ЕУ нема алтернатива. Тој запраша што во случај ЕУ да одлучи да нема повеќе проширување, без разлика дали ние сме ги исполниле сите услови. „Дали тогаш ќе се самораспуштиме или самоукинеме? Што ќе правиме ние, за кои не постои друга алтернатива?“, праша Црвенковски.

-архива: Црвенковски: За СДСМ, во овој момент, не сме решение ни јас, ни Заев!

Сепак, ни тој не гледа алтернатива ни на Исток, ниту на Далечниот исток. „Дали имаме сопствен капацитет, политичка волја и јасна визија да се одржиме и да се развиваме како самостојна држава и без членство во ЕУ“, прашува Црвенковски, оценувајќи дека ако сметаме дека „НАТО ќе не брани, а ЕУ ќе не храни, ниту ќе се одбраниме, ниту ќе се нахраниме“.

Во однос на економската состојба во државата тој оценува дека нештата се полоши од пред 10 или 20 години. Раст, според него може да се лоцира само во буџетот, кој секоја година расте, како и во бројката на вработени во администрацијата. Правејќи споредба, тој рече дека од 173.469 вработени во администрацијата, сега бројката достигна до 197.530 лица, што значи 24 илјади нови вработени во јавниот сектор во последните неколку години.

„Вака понатаму не може, овој балон ќе пукне“, рече Црвенковски кому ова му беше прво појавување пред македонската јавност по подолго отсуство.