МАКЕДОНИЈА ДЕФИНИТИВНО НАЈСИРОМАШНА ДУПКА ВО ЕВРОПА

Македонија го дели последното место во Европа според консумирањето месо со 39 килограми по жител годишно, колку што „трошат“ и граѓаните на Албанија, на Турција и на Молдавија, покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) при Обединетите нации за 2018 година.
Од земјите во регионот прва во овој поглед е Хрватска со 80 кг, пред Црна Гора со 79 кг, Словенија со 70 кг итн.
Најголема потрошувачка на месо на стариот континент има во Шпанија, каде што годишно секој жител консумира по 99 кг во просек, пред Португалија со 95 кг, а трет е Исланд со 91 кг.