АЛАРМАНТНО! ХОСПИТАЛИЗАЦИЈАТА ПОРАДИ KOBИД BИРУСOT НАГЛО СЕ ЗГОЛЕМУВА ВО ЗЕМЈИТЕ СО НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТ НА BAKЦИНАЦИЈA

158

Република Ирска вакцинирала 91 процент од својата популација против ковид 19, што е најголем процент во Европската Унија, но таа сега има најголем број на пациенти хоспитализирани од ковид вирусот од март.

А случаите ќе се зголемуваат додека не постои ”вакцина која го блокира преносот” затоа што ефикасноста од сегашните вакцини опаѓа, вели др. En Mur, специјалист за вакцини на универзитетскиот колеџ Kork, пренесува Irish Times.

number of coronavirus cases october

Едногодишната, рецензирана студија објавена оваа недела во престижното научно списание The Lancet открива дека лицата вакцинирани против Ковид 19 имаат подеднаква веројатност да го пренесат делта сојот на контактите во своето семејство како и оние кои не се вакцинирани.

Студијата која ја следеа повеќе од 600 лица во Велика Британија покажала дека имунитетот од вакцинацијата ослабел за само три месеци. Во меѓувреме, бустер дозите за старите и загрозените лица во Велика Британија се нудат после шест месеци по примената втора доза.

Во САД, директорката на центарот за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски признала дека вакцината против Ковид вирусот не спречува пренесување.

Ирските болници имаат 513 пациенти со Ковид 19, од кои 101 се на интензивна нега, што е зголемување во однос на 74 колку биле забележани минатата недела.

Главниот медицински службеник на Ирска, др Toni Holohan, вели дека ”на крај ќе мора да даваме засилувачи на остатокот на популацијата… затоа што ќе видиме огромен пораст на случаеви”.

Irish Times објавил дека градот Вотерфорд, со 99,7% возрасна популација која е потполно вакцинирана, има најголема стапка на Корона инфекции во Ирска.

Порано овој месец, во Сингапур, каде е вакцинирана 80% од популацијата, Министерството за здравство пријавило најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата.