ШТО СЕ СЛУЧУВА? БЕСА ДЕНЕС ИЗЛАГА ОД ВЛАДАТА? ВМРО договори ново парламентарно мнозинство?

2,320

По денешната одлука на Државната изборна комисија да има прегласување во Желино, каде во вториот круг со тесен резултат победи кандидатот за градоначалник на БЕСА, оваа партија утре на централно претседателство ќе заседава дали да ја напушти владејачката коалиција.

Оваа информација за Фокус ја потврди партискиот генерален секретар и министер за земјоделство Аријанит Хоџа, кој претходно го напиша следниот фејсбук-статус: „Желино, кадешто се роди една партија (како Движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада“.

 

Всушност, ваквата порака Хоџа ја упати во време додека ДИК одлучуваше во однос на приговори поднесени од ДУИ за гласањето во Желино, каде кандидатот за градоначалник на БЕСА освои 5.171 гласа, а неговиот противкандидат од ДУИ освои 5.102 гласа, што претставува разлика од само 69 гласа.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.site . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?

You might also like