ЌЕ ДОЈДЕ ЛИ ОВА ЛУДИЛО И КАЈ НАС?! СИТЕ ДЕЦА ВО КОСТАРИКА ЌЕ МОРА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ BAKЦИНИРAAТ ПРОТИВ KOBИД 19!

125

Костарика е првата нација во светот која воведе задолжителна вакцина против Kовид 19 за сите деца. Родителите се соочуваат со санкции, а потенцијално и присилно вакцинирање на своите деца, доколку не покажат послушност.

Боцкањето против корона вирусот е додадено во пописот за вакцини за деца кои се задолжителни со закон, објавило националното министерство за здравство во петокот. Националната комисија за вакцинирање и епидемиологија (CMVE) го прогласила вакцинирањето како задолжително за сите малолетници, помали од 18 години.

Родителите во Костарика сега би можеле да се соочат со неодредени санкции ако не ги вакцинираат своите деца против корона вирусот, почнувајќи од следната година. Пред тоа, ако Костариканците одбијат да ги вакцинираат своите деца против болести како сипаници, во склоп на програмата за задолжителна имунизација, биле пријавувани во министерството за здравство, пренeсуваат локалните медиуми. Министерството тогаш покренало ”посебни законски постапки” со што малолентите лица морале да се вакцинираат дури и без согласност од родителите.

Нејасно е дали ќе се применува истата шема и со вакцините против Ковид 19, но ова е додадено во т.н. ”основен попис” на вакцинација кој вклучува имунизација против овчи сипаници, детска парализа и HPV. Тинејџерите постари од 15 години исто така ќе можат да ја добијат својата вакцина против Ковид 19, без потребно присуство на возрасна особа.

Министерството не ја прецизирало минималната возраст за вакцинација, само напоменало дека Американската агенција за храна и лекови одобрила итна употреба на вакцината Pfizer за деца и на возраст од 5 до 11 години.

Властите ветувале дека ќе ги купат сите потребни вакцини за децата помали од 12 години до 2022. Минатиот месец, Костарика направила договор со Фајзер со кој на латиноамериканската нација ќе и бидат испорачани 3,5 милиони дози од вакцината. Најмалку 1,5 милиони дози од оваа серија наводно се резервирани за малолетниците.

Костарика во септември дала залено светло за вакцинација на лица помлади од 12 години, а околу 73% од Костариканците на возраст од 12 до 19 години имаат примено барем една доза од вакцината против Корона вирусот до 2 ноември, спрема податоците на националниот фонд за социјално осигурување.

Од 8 јануари 2022 година, Костариканците ќе мораат да прикажат доказ за целосна вакцинација на влезот на разни јавни места, вклучувајќи ги хотелите, рестораните, баровите, музеите и теретаните. Според податоците на владата, до сега потполно се имунизирани само 54% од населението.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom