Еве зошто ги победи СДСМ со 8000 разлика! Погледнете какво човечиште е прилепскиот градоначалник! Им однесе кафе на работниците кои работат на тротоарот

Почетокот на работниот ден градоначалникот на oпштина Прилеп, Борче Јовчески го започна со работна – кафе средба со дел од вработените во ЈКП „Комуналец“.
На средбата која беше во центарот на Прилеп, градоначалникот Јовчески од страна на вработените кои се работно ангажирани беше запознат со текот на градежните активности околу промена на оштетените плочки на дел од плоштадот „Александрија“.
Ова е еден од проектите кои во својата програма ги вети прилепскиот градоначалник а треба да се реализираат во првите 100 дена од неговиот мандат.