БОМБА! ОМИКРОН ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

626

Микробиологот д-р Никола Пановски во Темата на денот на Сител рече дека смета дека омикрон сојот најверојатно е веќе влезен во земјава.

– Сепак не треба да се ризикува, за да не дојде до експлозија во болниците и поставување на модуларни болници. Треба да се преземат мерки. На пример Грција од вчера воведе задолжителен ПЦР-тест за сите патници. Јас да сум некој фактор во државата, веднаш после нив би вовел и ПЦР тестови за сите граѓани што влегуваат. Прва мерка да ни биде наменета за границите и аеродромите и таа да важи 15 дена за почеток, а после тоа да се анализира. Нема бегање од сојот, ако велат дека се шири со таа брзина – вели Пановски во Дневникот на ТВ Сител и додава дека Комисијата за заразни болести предложувала „нелогични мерки“.

Според микробиологот Пановски по седум дена коронавирусот го нема во телото на човекот.

– Во градите е може, но во носот го нема. ПЦР тест после седум дена не треба да се прави. Нереални се овие 300 новозаразени на ден. Што се однесува до учениците, доцна е за онлајн настава, но е е доцна за да се пуштат порано дома на распуст, поточно од следниот понеделник, вели д-р Пановски.

Тој исто така додава дека искрено не знае зошто се форсира вакцинација кај деца од 5 до 11 години, кога според досегашните истражувања несаканите ефекти и од вакцината и од коронавирусот кај оваа популација се речиси идентични, па поради тоа апелира да се зголеми бројот на лица од повозрасните групи да бидат имунизирани, затоа што ковид-19 кај нив предизвикува сериозни последици.