КОГА ПУТИН ЌЕ ЗАДАДЕ УДАР! Во Казахстан повторно воспоставен уставен поредок – започна терористичкото чистење

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев изјави дека, во основа, уставниот поредок е повторно воспоставен во сите региони на земјата.
Тој додаде дека локалните власти ја контролираат ситуацијата.
Медиумите јавуваат, повикувајќи се на МВР, дека безбедносните сили ликвидирале 26 учесници на протестот, а приведени се околу 3.000 лица.
„Антитерористичката операција започна. Во сите региони во државата е воспоставен уставниот поредок. Локалните власти ја држат ситуацијата под контрола. Но, терористите продолжуваат да користат оружје, оштетувајќи ги имотите на граѓаните. Затоа операцијата треба да трае до нивно целосно уништување“, рече Токаев на седницата на антитерористичкиот штаб.
Казахстанскиот министер за надворешни работи Мухтар Тлеуберди детално го информирал американскиот државен секретар Ентони Блинкен за антитерористичката операција.
Заменик-шефот на претседателската администрација Даурен Абаев за ТВ „Кабар 24“ изјави дека на страната на терористите дејствувале и снајперисти.