Продолжуваат кавгите и тепачките во СДСМ? Спасовски не сакал да ја напушти фотелјата во МВР?

Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи, најверојатно ќе остане на истата позиција и во новата Влада која ја составува мандатарот Димитар Ковачевски, дознава Фактор. Иако официјално сите министри не се обелоденети и се тврди дека конечните одлуки не се донесени, извори брифираат дека Спасовски секако ќе биде дел од новиот владин состав и нема да ротира од ресорот.
Инаку според информациите, за новата Влада треба да се разговара во СДСМ утре вечер на координација.
Повеќе на Фактор.мк