СОПРУГОТ НА КАРЛЕУША НА РЕСПИРАТОР?

190

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ е позитивен на коронавирус и има пневмонија.

Имено, Душко Тошиќ денеска дознал дека е позитивен на ковид-19.

Како што пишува „Хелоу“, Тошиќ има потешка форма со пневмонија (воспаление на белите дробои). Не е познато како и каде се заразил, ниту дали е хоспитализиран.

Инаку, Јелена Карлеуша, неговата сопруга, на 7 јануари на православниот Божиќ го пријавила Душко во полиција, тврдејќи дека двапати ја удрил по лицето и ја плукнал. Поранешниот српски репрезентативец потоа отишол во полициската станица Савски Венац каде дал изјава.

Веднаш му била изречена итна мерка за забрана за приоѓање на Јелена од 48 часа, што минатата недела му беше продолжено на уште 30 дена.

„Моето име, лик и дело треба да се појавуваат исклучиво во приказни поврзани со спортот и хуманитарните дела. За жал, тоа не е така, па принуден сум да се обратам на овој начин. Секаде ме претставуваат како насилник, иако не поддржувам насилство и никогаш не сум го употребувал. Оние коишто ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде господин, каде и да е и што и да прави. Затоа, ќе останам доследен на себе, ќе ги игнорирам измислиците и ќе чекам да помине овој ветер кој е насочен против мене“, напишал Тошиќ на Инстаграм.

ФОТО: Инстаграм

You might also like