Интервју со македонскиот нордиски претставник на олимпијадата во Пекинг! Ставре Јада: Тренирав напорно изминатиот период и се променија многу работи во мојата програма. Ќе дадам максимум за историски најдобар резултат во овој спорт

261

Кога почнавте да се занимавате со крос-кантри скијање и што ве мотивира?

Ставре Јада: Со крос-кантри скијање почнав да се занимавам од најмала возраст, додека посериозно почнав да тренирам во 2012-год. Она што ме мотивираше најмногу, беше шампионот во нордиско скиење Питер Нортуг од Норвеша кој и денес претставува мој идол. Најпрво започнав како клубски такмичар, за да потоа станам и репрезентативец на Македонија.

 

 

Кој е најдобриот резултат што сте го постигнале досега?

Ставре Јада: Се вбројуваат повеќе добри, меѓутоа најдобриот од нив  го постигнав  во Грција каде освоив  60 фис поени на 15 километрaрска дисциплина.

 

 

Изминатата сезона повторно беше многу успешна за вас. Кој успех ви беше особено важен лично?

Ставре Јада: Не можам да се пофалам дека минатата сезона беше успешна за мене. Имав периодични варијации проследени со  голем пад во формата на моменти, сметам дека не се чувствував доволно спремен за претстојните натпревари. Оваа година е нешто поразлично, формата е вратена во голема мера и имам голема мотивација за успех. Не сум имал нешто специјално важен успех минатата година.

Ставре Јада на Олимписки игри во Пекинг, Кина - Канал 5

Оваа сезона работите со Борче Јовановски како трeнер, што научивте од него? Дали неговите методи се разликуваат од она што сте го знаеле досега?

Ставре Јада: Да, оваа година работам под водство на Борче Јованоски. Нов тренер, нови правила, нови тренинг планови, поради кои, да бидам искрен во летниот дел од сезоната бев доста изненаден од понудената тренинг програма. Максимално е посветен на сите натпреварувачи, особено на мене.  Има свои принципи и бара од сите да обрнат поголемо внимание на исхраната, што е од особена важност за нас професионалните спортисти.  Споредбено со претходниот тренер, неговите методи драстично  се разликуваат.

 

 

 

Како изгледа вашата лична подготовка за Олимпијадата?

Ставре Јада: Подготовката за Олимпијада е на највисоко можно ниво. Во моментов се наоѓам на 1900м.н.висина во Ливињо (Италија). Внимавам на моите дневни ритуали од наутро навремено будење, па се до вечер. Особено сум насочен на мојот мир и покрај напорните тренинзи, важна е и психичка подготовка.

 

 

Ќе настапите на два натпревари на олимпијадата  во Пекинг. Кои се вашите очекувања со оглед на тоа дека ќе се натпреварувате со најдобрите светски имиња во овој спорт?

Ставре Јада: Да ќе настапам во дисциплина “Спринт” на 1.6 километри.  Од огромно искуство и значење е што ќе стартувам рамо до рамо со најсилните во светот, очекувам подобар резултат од олимпијадата во Пјонг Чанг. Вториот натпревар ќе биде во подолгометражна дисциплина од 50км и за мене ќе биде голем предизвик. Целта е една! Очекувам да се доближам на пократок временски интервал од најдобрите, тоа за мене ќе биде повеќе од добар резултат воедно и најдобар од сите македонски олимпијци кои биле учесници на оваа дисциплина.

Мавровски меморијал: Четврто место за Ставре Јада | Сител Телевизија

Иако се движите меѓу најдобрите на Балканот,  во нашата Држава на жалост за овој спорт нема голема заинтересираност од страна на пубилката како што е тоа во западно европските земји,  што сметате дека треба да се направи за да дојде до поголем публицитет?

 

Ставре Јада: Искрено, неопходна е поголема медиумска заинтересираност околу овај спорт. Љубителите на спортот треба да знаат дека во Македонија не постои само ракомет, фудбал, кошарка, таеквондо и др. Имаме ние што да покажеме  и во нордиското скијање.

 

Што мислиш за репрезентацијата на Македонија? Дали нордиското скијање има иднина со повеќе натпреваруваче кои врз основа на резултатите би се движеле некаде на Ваш ранг со ФИС поени?

Ставре Јада: Би сакал да останам скромен и да потенцирам дека не сум од рангот на Светски шампион , но вистината е дека во моментов не гледам во иднина некој кој би се доближил до моите резултати. Искрено се надевам дека овој спорт има иднина.

 

Дали правите нешто значително поразлично од минатата година?

Ставре Јада: ДА! Mинатата година, да бидам искрен не внимавав на исхраната, сето тоа се промени, како што потенцирав и претходно, принципиелно ги обавувувам моите дневни ритуали, се фокусирам на тренингот и го одработувам максимално.

 

Имаше ли некој дел од минатата зима што не помина како што сакавте или се надевате дека ќе се подобрите?

Ставре Јада: Минатата зима пред се би ја оценил со една обична нула! Веќе напоменав дека формата ми беше на минимално ниво, имав физички проблеми и мускулни болки, сето тоа претходниот тренер го релативизираше.

 

Верувам дека последниот период се припремаш за олимпијадата. По колку часа тренираш во текот на денот?

 Ставре Јада: Последните месеци работев напорно, тренирав по околу 5 до 6 часа дневно. Овој месец програмата на тренерот Јованоски е нешто поразлична и порелаксирана, трењинзите се движат некаде 3 до 4 часа, фокусот е насочен на 50 километарската дисциплина на претстојната Олимпијада.

Со оглед на тоа  дека доаѓаш од Крушево, дали сметаш дека градот има доволно услови за да се обавува и напредува во овој  спорт и дали добивте подршка од страна на локалната самоуправа во пресрет на претстојната  Олимпијада?

Ставре Јада: Не сметам дека во Крушево има доволно  услови, израено во проценти, ајде нека бидат 80%. Постојат сеуште пречки за обавување на овој спорт. Пример би можелo да се изгради рол бан патека за подготовки во летен период , што мислам дека за нашата Општина тоа не претставува посебен проблем. Со оглед на надморската висина и изобилството на природните поволности како и дополнително што веќе се организират натпревари во нордиско скијање, неопходно е што повеќе да се развива овој спорт. И да одговорам на второто подпрашање, до овај момент не сум добил никаква поддршка од локалната самоуправа, со оглед на тоа што се работи за најголем спортски чин односно Олимпијада се надевам дека ќе ми излезат во пресрет со некоја симболична подршка.

 

Благодариме и Ви посакуваме голем успех на Олимпијадата во Пекинг