ПУТИН: Русија е посебна цивилизација

125

Русија не е само држава, туку посебна цивилизација и за да може таа да се зачува, развојот мора да се заснова на нови, високи технологии, рече рускиот претседател Владимир Путин.

Во интервју за емисијата „Москва. Кремlin. Путин“ на ТВ станицата „Русија 1“, Путин рече дека се појавиле нови технологии и дека тие веќе го менуваат светот.

„Сите овие насоки – беспилотна технологија, генетика, медицина, образование – сите ќе бидат основа врз која ќе се заснова развојот на нашата земја“, рече Путин.

Ако сакаме да ја зачуваме таа цивилизација, додаде тој, тогаш фокусот мора да биде на високите технологии и нивниот иден развој.

„Мора да бидеме во тек со она што се прави во други земји, кои се нивните достигнувања, но никогаш не смееме да заборавиме дека имаме многу добра база“, истакна претседателот.