НОВА БОМБА НА ГЕРО! И Маричиќ замешан во скандалот на Филипче со грчката компанија?

660

Што правеа Зоран Заев и министрите во неговата влада во декември и во првите денови на јануари, кога веќе беше познато дека кабинетот си заминува и доаѓа новата екипа на новиот премиер Димитар Ковачевски? Ги средуваа луѓето впечатоците од бурните настани, си славеа Нова година и Божиќ, по малку одмораа и се подготвуваа за свечено примопредавање на функциите. Тешко е за верување дека токму во тие денови некој нешто сериозно работел и сработил.

Освен вредниот министер за здравство Венко Филипче. Тој морал да заврши една важна, заостаната работа. Штом морал да ја заврши токму во тие денови, нешто му горело под нозете.

Дали е ова кривично дело?

И така, од 3 декември 2021 до 17 јануари 2022 година, непосредно пред да си замине од функцијата министер за здравство, Филипче префрлил повеќе од 2,5 милиони евра на контото на компанијата „Интраком констракшн – Интракат Грција“, која со години го „гради“ Клиничкиот центар во Штип, инвестицијата што беше најавувана како гордост на владата на Зоран Заев. Интересно е ден после изборот на новата влада и само два дена пред формално да ја предаде министерската фотелја, значи на 17 јануари 2022 година, Филипче префрлил 56 милиони денари на контото на „Интракат“. Претходно, на 3 и на 7 декември 2021 година, Министерството за здравство на грчката фирма ѝ исплатило 100,4 милиони денари.

Чуму била бркотницата? Зошто Филипче на само два дена пред да се прости од министерската фотелја, во која не се прослави, морал на Грците да им изброи повеќе од 900.000 евра? За што била неопходна таа итна трансакција? За свеченото отворање на болницата, од која нема ни трага ни глас? Дали оваа трансакција е извршена законски?

Експерти што ги консултираше Плусинфо тврдат дека со овие исплати е прекршен законот и дека Венко Филипче го заокружил својот министерски мандат со кривично дело. На што се крепи ова сериозно обвинување на сметка на поранешниот министер?

На фактот што од пред две години се води судски спор меѓу компанијата „Бетон Штип“, како подизведувач на работите во проектот „Клиничка болница Штип“ и „Интракат“. Во тој спор „Бетон Штип“ побарува 2,5 милиони евра од „Интракат“, врз основа на ненаплатени времени ситуации за извршени градежни работи и фактури за испорачани градежни материјали. До завршувањето на спорот, со посебна одлука, Судот решил да ја блокира сметката на „Интракат“ за наведената сума. Филипче формално приговарал на таа одлука, но Судот го одбил приговорот, бидејќи работите биле јасни ко бел ден – завршени работи, ненаплатени фактури, докази цел куп.

Сепак, 15 месеци по судската одлука за блокада на сметката на „Интракат“, Судот ќе се премисли и ќе ја деблокира сметката на грчката компанија. Претседателот на Основниот граѓански суд Скопје на 4 ноември 2021 година ќе донесе решение (ППНИ-673/21), со кое се одлага извршувањето против „Интракат“ на период од 90 дена. Упатените велат дека ова е сторено по ургенција на тогашниот министер за правда Бојан Маричиќ. Министерот Венко Филипче не чека да му се каже два пати – на 3 и на 7 декември 2021 година одеднаш на грчката компанија ѝ плаќа 100,4 милиони.

 

Текстот во целост на Плус Инфо