Путин ги предупреди Пендаровски Вучиќ и балканските лидери да не се мешаат? АКО НЕКОЈ ПОКУША ДА НИ ЗАСМЕТА ЌЕ ПРЕТРПИ ОГРОМНИ ПОСЛЕДИЦИ

Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати на нацијата, а ви го пренесуваме целиот текст кој е објавен и на веб-страницата на Кремљ
Говорот на Путин го пренесуваме во целост:
Почитувани граѓани на Русија! Драги пријатели!
Денеска повторно сметам дека е неопходно да се навратам на трагичните настани што се случуваат во Донбас и на клучните прашања за обезбедување на безбедноста на самата Русија.
Да почнам со она што го кажав во моето обраќање на 21 февруари годинава. Зборуваме за она што особено не загрижува и вознемирува, за оние суштински закани кои од година во година чекор по чекор, грубо и без церемонија ги создаваат неодговорните западни политичари во однос на нашата земја. Мислам на проширување на НАТО блокот на исток, приближување на нејзината воена инфраструктура до границите на Русија.