ВЕЧЕРВА НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА

665

Вечерва Регулаторната комисија за енергетика ќе одржи седница, а не е исклучено ново покачување на горивата. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски за Топ Тема на Телма информира дека  на  седницата РКЕ ќе ги разгледа анализите и ќе информира за новите цени на горивата.

-Промената во цените би стапила на сила од полноќ. Методологијата е базирана на котации на берзата за претходните пет дена. Претходно правевме од понеделник до петок, а сега можеме во било кој период, од една единствена причина, бидејќи по ваков драматичен пораст на цените на светските берзи, ние определивме цена врз тоа што се случуваше. Факт е дека трговците кај нас купуваа нафтени деривати со многу повисока цена отколку што ја утврди РКЕ. На тој начин трговците имаа големи загуби околу 5 до 6 милиони евра на неделно ниво. Не сакаме да воведеме проблеми во сигурноста во снабдувањето на нафтени деривати, рече Бислимовски во емисијата „Топ тема“.

Бислимовски не сакаше да објасни дали вечерва може да се очекува зголемување на цените на горивата, се додека не стигне законското решение за намалување на акцизите.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.site . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?

You might also like