Путин нареди! Ду утре целосно треба да бидат освоени Доњецк и Луганск

115

Рускиот претседател Владимир Путин постави рокови до кои неговата армија треба да ги преземе регионите Доњецк и Луганск во Украина, објави украинскиот Канал 24, повикувајќи се на извори во украинските служби.

Плановите на Кремљ се најпрво да го окупира регионот Луганск, до 1-ви јуни. Руските напаѓачи досега успеаја да заземат 95% од територијата на регионот Луганск.

Ситуацијата со регионот Доњецк е многу потешка за Русите отколку во регионот Луганск. Руското воено раководство си постави за цел до 1 јули да го окупира целиот регион Доњецк. Откако беше поразена во регионот на Киев, руската армија сега си постави за цел да го освои Донбас. Војната трае повеќе од три месеци. Киев рече дека итно му треба оружје од Западот за да ја одбие окупаторската армија на исток.