Половината од моите познаници од Струмица се надвор од земјата, затоа што имаат бугарско државјанство и работат без проблем во Европа. И воопшто, никој од нив не се заморува со пробл емите меѓу Македонија и Бугарија. Никој од нив“, вели д-р Јанев.

317

Кардиологот д-р Илија Јанев кој живее и работи во соседна Бугарија, поточно Пловдив даде интервју за Дојче веле на бугарски јазик во кое зборуваше за својот избор да ја гради иднината кај нашиот источен сосед.

Родум сум од Струмица, на само 40 километри од Петрич. Нашиот дијалект е секако ист, се разбираме. Кога решив да студирам медицина, тоа беше можно само на Универзитетот во Скопје. Но местата беа малку, а во тоа општество на врски и привилегии тешко се дозволуваа луѓе од периферијата, а Струмица е периферија.”

Тој познавал луѓе кои студирале медицина во Пловдив, вклучувајќи го и неговиот братучед.

„Решив да се обидам. Полагав биологија и тест по бугарски јазик и историја. Добив високи оценки и бев рангиран. За само еден ден во Агенцијата за странци во Софија изјавив бугарско потекло и тоа ми даде можност да учам во државната квота, како Бугарин“.

„Тогаш беше многу лесно да се докаже потеклото – пишуваш на лист дека имаш бугарски корени и дека се чувствуваш како Бугарин, потпишуваш сѐ, и тоа беше доволно. Полицијата ти дава постојан статус, за да не мора да се вади виза.

Потоа започнуваш процедура за бугарско државјанство, таа траеше подолго, четири или пет години, но 90 отсто од сите македонски студенти тогаш го направија тоа и го добија“, се сеќава д-р Јанев.

„Потоа ги сменија правилата и стана многу покомп лицирано, потребни се документи за потекло. Но, тогаш беше лесно. Само двајца од нашиот курс не го направија тоа и сè уште жа лат.”

Кардиологот признава дека „веќе се чувствува како Бугарин“. „Оваа држава ми даде многу- семејството ми е тука, детето тука ми се роди, тука земам плата и плаќам даноци“.

На Јанев не му е јасно и зошто „Европа врши толкав пр итисок за влез на Македонија во ЕУ“. Според него, најголем интерес за тоа во Македонија имаат оние кои сакаат да ја напуштат земјата.

„Мак ата е да избегаат од Македонија. Инаку оние со бугарски пасоши масовно одат надвор. Речиси половината од моите познаници од Струмица се надвор од земјата, затоа што имаат бугарско државјанство и работат без проблем во Европа. И воопшто, никој од нив не се заморува со пробл емите меѓу Македонија и Бугарија. Никој од нив“, вели д-р Јанев.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.site . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?

You might also like