На денот на ракетната катастрофа во источниот дел на земјата, полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека не сака да дозволи „војна со Русија“ како резултат на инцидентот.

Оваа изјава полскиот лидер ја даде во разговор со руските шегобијци Владимир Кузњецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексус), кои му се јавија по инцидентот и му се претставија како францускиот претседател Емануел Макрон.

 

Руски комичари кои го имитираат Зеленски разговарале со Џорџ Буш за биолабораториите во Украина ВИДЕО

Во видеото објавено на социјалните мрежи во вторникот, наводниот Макрон го прашува Дуда дали ја поврзува позицијата на Киев за инцидентот со постојаните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски за нови испораки на оружје.

“Верувај ми, јас сум крајно претпазлив. Не ги обвинувам Русите, рече Дуда. Емануел, дали мислиш дека сакам војна со Русија? Не. Верувај ми, не го сакам тоа. Не сакам војна со Русија и јас сум исклучително внимателен, верувајте ми. Многу сум внимателен“.

 

 

„По експлозијата на ракета во Пржеводов во источна Полска, за време на серијата телефонски разговори со шефови на држави и влади, полскиот претседател Анджеј Дуда разговараше со лице кое се претставуваше како францускиот претседател Емануел Макрон“, напишаа од кабинетот на Дуда на Твитер.

„Претседателот Анджеј Дуда стана свесен дека е можно да се работи за обид за измама и го прекина повикот. По оваа комуникација, Кабинетот на претседателот на Република Полска веднаш презеде соодветни активности во соработка со службите за расветлување на случајот. се вели во соопштението.на кабинетот на полскиот претседател.