Дуковски: Осудените за 27ми април се единствените модерни политички затвореници во Европа кои веќе 6 години лежат без ниту еден било каков доказ

Дуковски: Осудените за 27ми април се единствените модерни политички затвореници во Европа кои веќе 6 години лежат без ниту еден било каков доказ

Адвокатот Сашко Дукоски во емисијата Што не е јасно? На Алфа ТВ вели дека „осудените за 27ми април се единствените модерни политички затвореници во Европа кои веќе 6 години лежат без ниту еден било каков доказ за тоа кривично дело“.
Пола од тие луѓе се изразболеа таму. Не може човек да остане при здрава свест како кога си на слобода кога знаеш дека си невин. Можеби судијката што го судеше предметот е единственото правно лице во државата кое мисли дека тука има дело, но сега не знаат како да постапат. Тие се шест години во затвор. Ако се укине таа пресуда, или ако се преиначи тие луѓе треба да тужат за шест години. Дека сакаат да направат некој баланс тоа сум сигурен. Што тоа би значело? Дали би значело некаква преквалификација, или ублажување не можам да го знам. Но сигурен сум дека се сака да се направи во тој правец. Но јас тргнувам од себе и мојот клиент. Јас не би се задоволил со тоа. Само една и единствена ослободителна пресуда која би дошла во овој случај би дала за право на оние јадни и жалосни луѓе кои лежат по оние зандани, вели адвокатот Дуковски.