И МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ЈА ПРИЗНА СВОЈАТА СЛАБОСТ И ПРИЗНА НА АГЕЛАР ДЕКА ИМА ГОЛЕМ КРИМИНАЛ И ВООДУШЕВЕН Е ШТО ЌЕ СЕ АПСАТ И ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ СО ПОМОШ НА АМЕРИКАНЦИТЕ?

Министерот за внатрешни работи се загрижи за корупцијата во државата, во која е веќе пет ипол години на власт. Тимовите што досега, под негово водство, не покажаа резултат, ги става на располагање на Американците кои испратија специјален тим за санкции. Побара загриженост и од граѓаните, кои со радост ја примија веста за доаѓањето на американскиот тим.
На темата „корумпирани актери“ зборуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, чија партија дочека и полнолетсво на власт. И тој признава дека, корупцијата во земјава не е само на ниво на политика, туку е на секое ниво.
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, вчера објави дека во земјава пристигнал тим за санкции од Вашингтон,што е тука за поагресивен преглед на минатите и сегашни корумпирани актери. На посебен тапет ќе биде правосудството во кое, според неа Американците инвестирале „милиони и милиони долари“ во изминатите децении.Верува дека, граѓаните заслужуваат да видат поврат на таа инвестиција, да видат судство што работи за нив, кое им покажува дека правдата им е достапна.