ЕВА КАКО ИЗГЛЕДААТ ЕКСПЛОЗИИТЕ ВО УКРАИНА СНИМАНИ ОД АВИОН, ДОДЕКА ЛЕТАТ НАД МОЛДОВА: На некои места летаат авиони, а некаде ракети!

Руската стратешка авијација денеска изврши жесток ракетен напад врз украинската енергетска инфраструктура. Повеќе од 60 проектили беа лансирани кон украински цели од стратешки бомбардери и бродови на Црноморската флота, кои ги погодија целите.
На социјалните мрежи се појави видео за кое се вели дека е преземено од патнички авион над Молдавија и на кое од голема височина е снимен моментот на ракетни напади на украинска територија.
Ова видео на Твитер го сподели Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
„Вака изгледаат експлозиите во Украина од прозорецот на авион во Молдавија.
На некои места летаат авиони, а на некои и ракети кои убиваат луѓе.
И сето тоа не е далеку едно од друго, напиша Гарашченко.
Молдавија, првиот сосед на Украина, долго време е место каде и руски и украински ракети повремено паѓаат во пограничната зона. Самата земја е остро поделена на проевропски дел кој ја поддржува актуелната претседателка Маја Санда и проруски дел
Да потсетиме, руската стратешка авијација изврши жесток напад врз неколку градови во Украина, од кои најголемите, како Киев и Харков, останаа без струја, вода и парно. Цели на нападот биле и Запорожје, Дњепропетровск, Криви Рог, Полтава, Хмелницки…