„О, Боже, Русите имаат порака за Европејците“ – Снимка од „Божиќни честитки“ – ВИДЕО

Руската телевизија објави видео од „Божиќна честитка“ на Европејците.
Ова на Твитер го сподели новинарот на БиБиСи Френсис Стар, кој ги следи руските државни медиуми:
“О Боже. Руската државна телевизија има божиќна порака за Европејците“, напиша Стар на Твитер покрај видеото.
Видеото прикажува три Божиќ во едно семејство во Европа. Вака Раша тудеј го прикажува Божиќ во семеен дом во Европа со многу светилки, светла кои светат на елката. Родителите на својата воодушевена ќерка и подаруваат хрчак за Божиќ. Потоа го прикажува Божиќ оваа година, со семејството во полутемнина, а таткото на семејството користи тркало од хрчак за да ги напојува божиќните светилки.
Темната визија на руската државна телевизија
Најмрачната иднина на Европа, сепак, ја предвидува Раша Тудеј за Божиќ 2023 година, кога таткото и ќерката седат на празничната трпеза во капи и капути, а мајката ќе служи оброк кој, најблаго речено, не изгледа апетитивно. Се испостави дека зготвила хрчак за Божиќ, кој нејзините ќерки го подариле во 2021 година.
Пропагандното парче завршува со пораката: „Среќен антируски Божиќ! Ако медиумите не ви кажат каде оди ова, Russia Today е достапна преку VPN“.