ЕВЕ ЗОШТО ДО КОСКА СЕ ИСПЛАШЕНИ ОД СДСМ: Левица е трета партија по рејтинг, го помина и ДУИ се очекува да има над 120 илјади гласови и над 10 пратеници

Доколку сега има избори политичката партија Левица би освоила над 120 илјади гласови и би имала повеќе од 10 пратеници покажува последната анкета на ИПСОС на која нарачател е ВМРО-ДПМНЕ.
Согласно резултатите на извршеното испитување на јавното мислење, СДСМ би имала 11,7 % или 210.000 гласа, ДУИ 6,4 % односно 115.000 гласа, а Левица 6,7 % или 120.000 гласа. Според анкетата ВМРО-ДПМНЕ би освоило 19,4 отсто или 348.000 гласа.