Владиката Петар им предвидува политички пекол на СДСМ на следните избори

223

„Денес е современо да се биде ‘хуман’ и ‘либерален’, a т.н. заедници наметнуваат свои права притоа газејќи и исмејувајќи се врз правата на различните од нив. Но, сега доаѓа Логосот Божји, прототипот на нашето создавање, за да нè ослободи од тиранијата на ѓаволот и да нè води кон нов живот, рече во своето Божикно послание, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.

Петар нагласува: Во Македонија иако се градат и се осветуваат цркви за слава на Бога, истовремено и многу помасовно се отвораат казина, спортски обложувалници, разни ноќни клубови. На медиумите, а особено на интернет, иако е достапна православна духовна и религиозна содржина, многу позначително е пребаруван и посетуван духовен отров: дека денес е современо да се биде „хуман“ и „либерален“, да се биде подржувач на т.н. заедници и организации, кои пропагираат, наметнуваат свои права и слободи, притоа, газејќи ги и исмејувајќи ги правата и слободата на различните од нив, особено православните христијани.

Подржувањето вакви создадени заедници, здруженија и организации, често и од јавни личности, кои имаат за цел искривување и изопачување на Бога, се смета како современо и напредно, додека да се биде подржувач на Бога, на Црквата, на христијанските и семејните вредности, се смета како конзервативно и заостанато, посочува митрополитот Петар.

Во традиционалното Божикно послание, митрополитот г. Петар се осврна и на други актуелни општествени состојби и како што ги нарече богонеугодни дела, односно, да се посетуваат ноќни клубови, дискотеки и слични забавни места, каде се конзумира многу алкохол, а често и дрога, под дејство на создателот на неморалот – сатаната. Додека, пак, оние кои го посетуваат храмот Божји во неделите и празниците, посетуваат свети места низ православниот свет, се сметаат за примитивни и заостанати.

Нагласуваме дека не е грев да се биде богат со труд и чесност, да се создава богатство и со него да се прават добри дела за спасение на душите, туку такво обожување на богатството, кое доведува до криминал, мито, корупција, лихварство, луксуз, бандатизам и со кое се стигнува во пеколот. Браќа и сестри – имаме избор! Достапен ни е Создателот, духовното, возвишеното, вечното; достапно ни е и созданието, материјалното, трулежното, минливото. Наше е што ќе одбереме! Наше е кој или што ќе обожуваме! Наше е по кој пат ќе одиме и какви дела зад нас ќе оставиме, рече митрополитот Петар

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.site . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?

You might also like