СДСМ им се одмаздува и на вевчанци затоа што го избраа ВМРО? За прв пат Вевчанскиот карневал со „поддршка“ од нула денари од државата

168

Ова е прва година кога Министерството за култура „обезбеди” дури нула денари за одржување на ова традиционална манифестација, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Вевчани, каде започнува традиционалниот карневал.

„Министерката за некултура ја покажа својата некултура уште еднашка како што тоа го направи напати во изминатиот период. И покажа дека не е министер на сите граѓани, не е министер на сите општини. Така што за првпат еве оваа година Вевчанскиот карневал доби нула денари поддршка од министерството за култура. За среќа Општината е тука, градоначалникот и администрацијата кои што со сопствени сили, иако се работи за мала општина со ограничени ресурси, сепак успева скромно да ја задржи традицијата. И во име на тоа јас сакам да им честитам бидејќи навистина покажуваат вонсериски напори да се справат со предизвиците кои што не само што ги носат економската и енергетската криза туку и власта во Македонија односно Владата на ДУИ поддржана од СДСМ“, рече Мицкоски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.site . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?

You might also like