Уште живееме од инвестициите кои ги договори Груевски: Канадска компанија која отвори фабрика во Струга сега инвестира и во зоната во Штип! – екс-премиерот ја најави во интервјуто за Инфомакс

307

Канадската компанија Магна ќе ја гради својата втора фабрика во земјава. По влезот во Струга, каде производуваат ретвровизори за автомобилските брендови, годинава одлучија да вложат 40 милиони евра во зоната во Штип. Се очекува да отворат 600 работни места.

Проблем е кадарот, но бидејќи нудат високи плати, ќе им ги земат на оние кои не даваат толку висок плати, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ

Во новата фабрика Магна Мехатроникс, ќе се произведува електроника и механички компоненти за автомобилите. Со тест производство почнуваат оваа , а веќе првата половина од следната година и со сериско. Магна работат на 5 континетни во 28 држави и вработуиваат 170 илјади лица.

-Вака се создаваат просперитетни услови во државата, не со зборови, не со политички пораки, не со надмудрување, туку со многу работа, решителни одлуки и визија. Нема поголем влог во државата од тоа младиот кадар своето знаење и труд да го инвестира во сопствената земја и да биде движечка сила за напредокот на државата. Таа можност им ја должиме на младите генерации и по секоја цена ќе ја оствариме. Нашите граѓани заслужуваат европски услови за работа и европски плати,изјави Димитар Ковачевски, премиер

Инаку минатата година била успешна за фирмите кои работата во зоните, задоволен е Деспотовски. Извозот надминал 3,7 милијарди евра, додека увозот 3, 4 милијарди евра, што значи близу 400 милиони евра останале во македонската економија. Компаниите го зголемиле и бројот на вработени или за една година бројката надминала 2,300 ново вработени, со што вкупниот број достигна близу 17,000 лица. Но од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека земјава е на дното по странски инвестиции . Недостасува стратегија за привлекување нови инвестиции, а голем дел од најавените – воопшто не се реализирале. Главни виновници за лошите бројки, според опозицијата се Ковачевски и Деспотовски, кои не само што не привлекуваат нови туку и не се грижат за постојните инвеститори.

Иако подолго време не премиер на Македонија, Никола Груевски, во своето прво интервју од Будимпешта за Инфомакс најави дека странскиот инвеститор „Магна“ наскоро ќе дојде и ќе постигне договор за работа во индустриската зона во Охрид.

Груевски истакна пред четири години дека се работи за инвестиција која била договорена од неговата влада. Се работи за компанијата која се бави со производство на автомобилски делови.

-Од новите што треба да дојдат има уште доста. Сега јас не е кореткно сите да ги објавувам заради самите нив, но еве можам една да ви кажам ,,Магна” на пример е договорена спакувана уште во времето кога ние ја раководевме владата, тоа е компанија за автомобилски делови ќе инвестираат во Охрид. Барем беа решени во Охрид да инвестираат сега ако ја смениле нешто, ама генерално тоа беше. Сакаа прво да направат инвестиција во една друга држава ни рекоа готово договорени сме, да ја направиме оваа инвестиција кога ќе ја завршиме кога ќе тргне се, следната држава ќе бидете вие. Има и други само не е фер да ги спомнам – изјави Груевски за „Инфомакс“.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.site . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?

You might also like