Опасна закана од Русија: Поради оружјето од САД, ќе го поместиме фронтот толку длабоко колку што е потребно

Министерот за одбрана рече дека целта е да не се дозволи Киев, со помош на ново оружје, директно да удри врз Руската Федерација
Министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу денеска изјави дека Русија ќе ги отстрани од нејзините граници заканите што доаѓаат од Запад колку што е потребно.
Во интервју за каналот „Русија 1“, Шојгу објасни дека линијата на одбрана ќе се одредува во зависност од оружјето што Киев го добива од западните сојузници.
Целта, како што рече, е да се спречи Киев да може директно да ја нападне Руската Федерација со помош на ново оружје.
Претходно, рускиот претседател изјави дека колку е поголем дострелот на западните ракети што ги добива Киев, толку повеќе руските вооружени сили ќе бидат принудени дополнително да ја туркаат потенцијалната закана подалеку од своите граници.
Да потсетиме, Украинците во последните месеци отворено кажуваат дека не исклучуваат напади длабоко на територијата на Руската Федерација.
Рускиот амбасадор во Кина вчера предупреди дека, доколку тоа се случи, Русија ќе одговори со силни мерки.
(RT)