Колку министерства побарал Зијадин Села од СДСМ?

372

СДСМ објави дека нивниот лидер Зоран Заев е во постојани консултации со лидерите на политичките партии кои имаат пратеници во Собранието.

„Како што вчера соопшти претседателот Заев, од денеска веќе течат разговори, врз основа на принципите, со претседатели на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, која ќе се движи брзо напред по европскиот пат и патот на економијата и на правдата“, велат од СДСМ.

Претседателот Заев, како што потенцираат од партијата, веќе остварил средби со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со претседателот на АА, Зијадин Села и со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Оттаму не соопштуваат никакви детали за исходот од лидерските средби.

„Во тек се консултации од различен формат, доколку има некаков прогрес во разговорите ке ја информираме јавноста“,
појаснуваат од СДСМ.