Уште ова не се имаше случено! Пратеник фатен како гледа порнич во Собрание! Еве за кого се работи!

281

Пратеникот во тајландскиот парламент Ронатеп Ануват беше фатен на дело како гледа порнографски содржини на својот мобилен телефон за време на траење на седница во Бангкок.

Ануват требаше да се сконцентрира на прашањата околу буџетот за кои се дебатираше на седницата, но своето внимание тој ѝ го посвети на гола девојка.

Новинарите кои што беа сместени на галеријата зад местата на пратениците го фатија на дело Ануват како прегледува неколку фотографии на разголени девојки. Посрамениот пратеник кој ја претставува провинцијата Чонбури на листата на владеачката партија доби прилично непријатни прашања од новинарите за неговите „еротски активности“.

Тој се обиде да се извлече од непријатната ситуација со тоа што изјави дека ги отворил пораките кои му ги испратила непозната девојка која бара помош. Ануват објаснил дека внимателно ги разгледувал фотографиите за да види дали девојката се наоѓа во опасност.

Како што рекол пратеникот, детално ја разгледувал и позадината на фотографиите за да види дали некој ја злоставува, или дали можеби некои криминалци ја натерале да ги направи тие фотографии. Но, на крајот сфатил дека девојката сака пари, па ја избришал целата содржина.