Екипаж на крузер во Грција е заразен со корона,922 патници се заглавени на бродот

80

„Во понеделникот ги добивме резултатите од тестирањето на персоналот и беше утврдено дека 12 члена на екипажот се позитивни на коронавирус“, соопшти туристичката компанија „Туи“.

„Како дел од мерките на претпазливост и во согласност со строгите мерки за продолжување на крстарењето договорено со властите во Грција, засегнатите лица веднаш беа ставени во изолација на бродот“, додаваат од компанијата.

На крузерот Mein Schiff 6 , било спроведено случајно тестирање на 150 од 666 членови на екипажот. Целиот заразен персонал е асимптоматски, пишува Гардијан.