Место првачина во училница, во неколку училишта протести утрово

23

По најавите дека во Кичево ќе се случи протест против учењето од дома за утрово и пред локалното училиште во Македонска Каменица беше закажан протест на родители кои се противат на онлајн настава за своите деца.

Според најавите од родителите тие инсистираат нивните деца физички да присуствуваат на часовите од повеќе причини.

Најголем дел од родителите на децата не можат да обезбедат соодветни компјутери, дел од родителите имаат работни обврски, некои воопшто немаат интернет во своите домови.

Најголема причина е тоа што основното училиште во Каменица како општина со мал број заразени од Ковид 19 добило соодветна дозвола да прими ученици за физичка настава а сепак на учениците им се сугерира настава од дома.