Паѓаат берзите низ цела Европа

899

Вредноста на акциите на европските берзи денеска се намали до најниското ниво во последните седум години, поради тоа што се поголем број држави се во самоизолација поради новиот коронавирус, па вложувачите стравуваат од длабока рецесија.

 

СТОХХ 600 индексот на водечките европски акции околу девет часот и 30 минути беше во минус 4,6 отсто, што е најниско ниво во последните седум години.

Додека лондонскиот ФТСЕ индекс се намали за 4,90 проценти на 4.938 поени, додека франкфуртскиот ДАХ забележа пад од 4,50 отсто на 8.523 поени, а парискиот ЦАЦ се намали на 3.872 поени.