Прво им ги сечеле главите и јазиците а потоа им ги гореле телата во киселина: Веља Невоља бил побрутален од земунскиот клан

249

Вељко Беливук, познат како Веља Невоља и неговата десна рака Марко Миљковиќ, кои се осомничени дека биле организатори на една од најсилните криминални групи, што сеела страв и извршила најбрутални злосторства во регионот, биле уапсени за неколку изнуди, киднапирања и брутални убиства!

Како што дознава српскиот дневен лист Курир, полицијата, во соработка со БИА и Обвинителството за организиран криминал, покрај двајцата организатори, уапсила уште 17 членови на групата под сомнение дека извршиле најмалку девет ликвидации, вклучително и убиството на навивачот на Црвена Звезда, Здравко Радојевиќ, кој исчезна без трага минатата година.

Во текот на денот беа пребарани повеќе од 30 локации, вклучително и три викенд куќи, лоцирани помеѓу Лозница и Горњи Милановац, каде што, како што открива извор на истрагата, биле пронајдени клучните докази за некои од најбруталните злосторства што ги извршиле.

Клучните докази за ликвидациите, зад кои, како што се сомнева, стои Беливук и членовите на неговата криминална група, која по бруталноста кон жртвите го надминала озлогласениот земунски клан, беа пронајдени во овие три викенд куќи.

Покрај оружјето, откриени се и материјални докази, отпечатоци од прсти и ДНК материјал, а форензичарите сè уште проверуваат дали биолошките материјали на исчезнатите во претходниот период се меѓу собраните траги, открива изворот на Курир и објаснува дека трите куќи се третирани како место на злосторство.

Според неговите зборови, во текот на претходната година имало неколку киднапирања кои се поврзани со оваа криминална група. Жртвите, но и нивните тела, не се пронајдени до денес. Како што дознава Курир, денес се пронајдени клучни докази кои сугерираат дека тие биле мачени и потоа изгорени со киселина во овие куќи.

Повеќе луѓе исчезнаа, за чии судбини ништо не се знае со месеци. Меѓу нив е и Радојевиќ, на кого му се губи трагата во август минатата година, но и Горан Величковиќ Гокси, како и пинк пантерот Миљан Љепоја. Полицијата се сомнева дека сите биле брутално убиени, објаснува тој.

Лидерот на навивачите на ФК Партизан, инаку близок до моќниот кавачки клан, беше уапсен додека се обидувал да ги уништи трагите на злосторството.

Невоља и членовите на неговата криминална група паднаа кога одеа да ги запалат автомобилите што ги користеа за време на киднапирањата и убиствата.

Автомобилот смарт со кој се возеле до Рудник е клучниот доказ во истрагата за исчезнувањето на Горан Величковоќ Гокси. Беливук е снимен во тој автомобил додека разговарал со Величковиќ, на кого потоа му се губи трагата, откри извор од истрагата.

Според неговите зборови, оперативните информации покажуваат дека тие ги снимале злосторствата, а видео материјалот потоа го проследувале едни на други.

На откривање на една од најголемите криминални групи во регионот се работеше со месеци. Се дојде до информации дека тие извршиле ужасни злосторства и снимките ги испраќале едни на други преку апликацијата Скај, со којашто комуницирале меѓусебно.

Постојат информации што укажуваат на тоа дека на едниот од убиените му ја отсекле главата, на другиот јазикот, дека топеле делови од телото, објаснува изворот од истрагата.