ЌЕ ОСТАНЕ САМО РУСКАТА ВАКЦИНА? ПО АСТРА ЗЕНЕКА СЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ ЗАБРАНИ И ФАЈЗЕР?

568

По АстраЗенека (вакцина од типот вектор плус која не е генетички базирана), која не  се надеваме дека и другите, уште поопасни, генетички мРНА вакцини како Фајзер и Модерна, ќе бидат забранети а Менгеле експериментаторите на живи луѓе, жестоко казнети. Данска, Норвешка и Исланд објавија дека им се придружуваат на другите европски земји во привремено прекинување на употребата на вакцината АстраЗенека -Оксфорд КОВИД по извештаите за згрутчување на крвта кај луѓето кои ја примиле вакцината. Данска ги прекина вакцините откако 60-годишна жена починала од тромб што се формирал откако била вакцинирана, објави Ројтерс.

Данската одлука уследи неколку дена откако австриските власти објавија дека ја суспендираат серијата вакцини COVID на AstraZeneca додека истражуваат смрт на едно лице и болест на друго по добивањето на вакцина.  Истата серија што се користеше во Австрија се користеше и во Данска, според Ројтерс. Во Австрија, 49-годишна жена почина од сериозни нарушувања на коагулацијата, а 35-годишна жена разви белодробна емболија – акутно заболување на белите дробови, предизвикано од тромб, соопшти Федералниот завод за безбедност во здравствената заштита (BASG) во Австрија.