На Чавков му се влоши состојбата со корона, итно префрлен на кислородна подршка во приватна болница

182

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кој е позитивен на корона вирус, откако ноќта ја поминал во штипската модуларна болница, попладнево е веќе спроведен во приватна болница во Скопје.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА потврдува дека вчера откако му се влошила здравствена состојба на Чавков и имал ниска сатурација при прегледот од затворскиот лекар, веднаш е хоспитализиран во модуларната болница, каде што добил и постојана кислородна поддршка. На барање на семејството и по препорака на штипските инфектолози Чавков е спроведен во приватната болница на болнички третман.