Ако наскоро не почнат преговори со ЕУ прифатете дека јако не измамија и залудно не понижија

272

(…) Се уште големо прашање е дали Европа навистина сака и има сила да ја отстрани не само непрaвдата, туку и да се спротивстави на обидите од сопствена членка за поништување на основачките европски вредности и на почитување на посебностите и универзалните права? – пишува Ерол Ризаов за Дојче веле.

Во С. Македонија веќе не ѝ се верува на Европа како порано. Ако не почнат преговорите со ЕУ во најблиска иднина ќе мора да се прифати реалноста дека сме измамени и понижени како ниту еден кандидат досега за членство во ЕУ.

Ова е горчливо признание за тоа како жедни не пренесуваат преку вода со постојано, повеќегодишно одложување на преговорите јавно признато и осудено само со зборови од голем број европски политичари и високи функционери.

Бриселските искусни бирократи знаат одлично како да ги извлечат своите шефови од вакви непријатни ситуации, со нови атрактивни понуди и ветувања кои имаат еден ист заеднички именител со години: да, да, да… исполнети се сите предуслови за почеток на преговорите само останува да голтнете уште една крастава жаба.

Ние во тоа ќе ви помогнеме со еден силен аплауз. И готово.

Потоа наредните десетина, петнаесет  години, ако воопшто почнат преговорите, ќе подголтнете уште стотина жешки кнедли и пред крајот на половината на 21 век, негде околу 2040 година откако ќе поарчите и пуштите низ вода неколку генерации граѓани ќе бидете 38 земја членка на Соединетите Европски Држави“, пишува Ризаов.

ПОВЕЌЕ