Еден од најголемите фејкњузери Џабир Фејклајн ќе јаде кривична од Геро за лажна вест?

63

ПОРТАЛОТ ФРОНТЛАЈН ШИРИ ЛАГИ ЗА МОЈАТА ИМОТНА СОСТОЈБА
Забележувам дека порталот Фронтлајн, по примерот на некои други парапортали и опскурни фигури ангажирани од пропагандата на СДСМ, настојчиво пројавува интерес за мојот недвижен имот.
Така, во еден текст објавен на 12 мај годинава, авторот Рибаро шири дезинформации за мојот имот – зборува за “сите негови станови во Скопје” и за “неговиот стан во Охрид”. Се мисли на некакви мои станови.
Поднесов жалба до СЕММ за овој текст и ја информирав Комисијата за жалби дека поседувам само еден стан во РСМ (во Скопје, во Охрид немам стан). Ја доставив и адресата на мојот стан, која, од разбирливи причини, не би сакал да ја објавам јавно.
Во мојата жалба упатив и покана до уредникот на Фронтлајн, Џабир Дерала, да ми се јави со цел изворно да го информирам за сė што го интересира во врска со мојот имот – спремен сум да му ја изложам не само мојата, туку и имотната состојба на сите членови на моето потесно семејство.
На тој начин би сакал на порталот Фронтлајн да му помогнам да престане да шири лажни вести за мене. Не доликува портал кој претендира на минимум професионалност, да шири лажни вести, без никаква проверка. Злонамерноста на авторот, која е очигледна, не ја коментирам.
Јас немам што да кријам. Сè што имам суж заработил со својот труд и чесно, а од државата немам ништо земено.